Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во Министерството за култура со претставници на двата репрезентативни синдикати, СКРМ и СОНК, го потпиша Колективниот договор за културата.
Договорот ќе придонерсе за унапредување на правата на вработените во културата, ќе донесе до правичност во групирањето на работните места, праведна валоризација на трудот на сите вработени, остварување на права на додатоци на плата, спречување на злоупотреба на вработените во културата, селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос и регулирање на други релевантни прашања од работниот однос.
Колективниот договор е потпишан по повеќе од 15 години нерегулирани односи во културата.





