Менаџментот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ одлучи Државниот инспекторат за труд по поднесената претставка од вработените од Јавното претпријатие.
Ова го соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој ја поздравува брзата реакција на инспекторатот.
„СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје на седницата која ќе ја одржи утре, (денеска 25.07.2023) постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места – се вели во објавата од ССМ.
Отказите на 27 работници следуваа откако директорката Мазнева обвини дека ја блокираат работата на претријатието, па поради тоа делови од Скопје останаа неколку дена со неиспразнети контејнери за смет. Директорката ги нарече група од подземјето кои со години работеле трета смена која повеќе се плаќа. Дополнително, рече дека си правеле приватни бизниси од фирмата, богатејќи се на сметка на претпријатието.






