Украинската армија ги обвини проруските сепаратисти во источниот дел на земјата дека гранатирале детска градинка во областа Луганск, пренесува Ројтерс.



Сликите од градинка која беше разурната во нападите беа експресно споделени низ светот.

Претходно, проруските сепаратисти во источна Украина ги обвинија украинските владини сили дека четири пати отвориле оган на нивна територија во последните 24 часа. Според Луганската народна милиција украинските сили фрлиле 162 гранати врз побунетите региони.

Но, ова го демантираше украинското МНР. Неговиот прв човек, Дмитро Кулеба побара меѓународно да биде осудена акцијата во селото Станица, која според Украина е организирана од Русија.

Дмитриј Песков го обвини НАТО за вршење „нескриена информативна агресија против Русија“ и за нова ескалација на конфликтот. Според него, гранатирањето „е предмет на многу, многу длабока загриженост“.

„Многу пати предупредувавме дека прекумерната концентрација на вооружените сили на Украина, до линијата на контакт, заедно со можноста за провокации, може да биде многу опасна. И сега гледаме дека овие провокации се случуваат“, изјави Песков.