Претседателот Стево Пендаровски вчера во својата честитка по признавањето на Охридската Архиепископија од страна на Цариградската патријаршија не ги спомена македонските православни верници ниту верниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Наместо до македонските православни верници или верниците на Македонската православна црква – ОА тој упатува честитка до ,,сите православни верници во Република Северна Македонија”.
Со тоа Пендаровски иако нема никаква обврска ја почитува одлуката на блокот грчки цркви во православната екумена за неупотреба на придавката македонски во контекст на именување на МПЦ-ОА која во диптихот на православните цркви ќе биде впишана како Охридска Архиепископија.
За разлика од именувањето на црквата Пендаровски за јазикот и историјата ја користи придавката Македонски.
,,Денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја”, објави на фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски објавувајќи и страна фотографија со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
„Архиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до Вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј“, пишува во објавата на претседателот






