Налепницата НМК која од понеделик ќе треба да ја има на сите регистарски таблици ќе биде бесплатна, но возачите нема да ја добијат брзо и лесно.
Веќе од понеделник се очекуваат големи гужви, бидејќи за да ги добијат – граѓаните ќе треба со автомобилот и сообраќајната да дојдат во станиците за технички преглед и најпрво да пополнат барање на шалтерите на МВР.
Потоа налепницата под видео надзор и од страна на вработените ќе им биде залепена на регистарската таблица, дознава Канал 5.
Налепниците требаше да чинат од 30 до 50 денари, но МВР одлучи да бидат бесплатни.






