Компанијата на Илон Маск „Неуралинк“ соопшти дека за прв пат вградила имплант, чип во мозок на човек и дека пациентот се опоравува, пренесува Ројтерс.
Првиот производ на „Неуралинк“ ќе се вика Телепатија, постираше Маск на ‘X’,
Првична цел е да им овозможи на луѓето да контролираат компјутер само со мисли.
Сепак, компанијата исто така се соочи со барање за проверка на безбедносните протоколи.
На крајот на мај минатата година, компанијата на Маск доби зелено светло од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да го започне своето прво клиничко испитување на луѓе.
Уште 2019 година, Маск предвиде дека неговата компанија за медицински уреди ќе започне со човечки испитувања на мозочен имплант за лекување на тешки состојби како парализа и слепило.






