Судот во Њујорк прогласи две компании од организацијата Трамп за виновни по повеќе точки од обвинението за даночна измама и фалсификување деловни документи, објави Си-Ен-Ен.
Корпораниите Trump Corp. и Trump Payroll Corp. беа прогласени за виновни за сите обвиненија кои им беа покренати.
Доналд Трамп и неговото семејство не беа обвинети во случајот, но поранешниот претседател постојано беше споменуван за време на судењето од страна на обвинителите за неговата поврзаност со бенефиции дадени на некои директори, вклучувајќи станови финансирани од компанијата, закуп на автомобили и лични трошоци.






