Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар, Комити, денеска на повеќе локации низ главниот град постави пароли во врска со ситуацијата во која се наоѓа ФК Вардар.
Целото соопштение во продолжение:
Пред се односот на луѓето задолжени за безбедноста на објектите од јавен карактер (Собрание на град Скопје, ПУИГ, Влада на Р.Македонија), беше коректен и професионален.
Нашата цел не беше ниту ќе биде нив да ги ставаме во непријатни ситуации, туку едноставно да го актуелизираме прашањето за ФК Вардар, кое веќе неколку години виси во воздухот и сеуште нема црвста гаранција дека ситуацијата ќе се среди. Наидовме на разбирање, и повикавме на средби со јавните функционери на кои ќе добиеме цврсти гаранции дека ситуацијата со ФК Вардар ќе се реши и клубот ќе може стабилизиран да ја дочека пролетната полусезона, каде ќе биде конкурентен за Европа и титулата.
Прозвани и дирекно повикани во ситуацијава се пред се Сергеј Самсоненко, Град Скопје и ПУИГ.
Очекуваме до крај на годината да добиеме повратен одговор со конкретна агенда и временска рамка од сите страни кои се прозвани, и со заеднички сили и со наша директна инволвираност дојдеме до решение.
Вардар е клуб основан од Град Скопје, во сопственост на граѓаните, Советот на Град Скопје и ПУИГ, а во времено владение на Сергеј Самсоненко.
Очекуваме пред се Самсоненко да го подмири долгот до рокот предвиден за тоа (20 Јануари 2021г).
Истовремено очекуваме дека Град Скопје и ПУИГ ќе се однесуваат кон клубот како негови татковци и одговорно ќе го превземат назад, и го предадат на следна страна која ќе пројави интерес за преземање на клубот, или доколку нема таква, да го одржат достоинствено во живот додека се појави.
Ние во 2010/11 година го поклонивме управувачкиот пакет до Град Скопје и ПУИГ, и тогаш добивме ветување и уверување дека клубот е во вистински раце. Ние не сме група која е инволвирана во политика, туку сме навивачка група која е посветена на ФК Вардар, и ние се договараме со институции а не со партии.
Институциите имаат континуитет во работењето, и дали тогаш бил Коце Трајановски а сега Шилегов, или дали бил тогаш Бавчовановски а сега Трајковски не ни менува заради нашата аполитичност. Веруваме во нивната љубов кон ФК Вардар, но веќе е дојдено време за дела а не за зборови.
Следни наши чекори доколку не наидат на разбирање нашите легитимни барања, ќе бидат протести или блокади. Логично е – ДОКОЛКУ ВАРДАР БИДЕ ЗАПРЕН СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ПОПЛАВЕНО !!!
#ВардарЖивееВечно #Мобилизација #ЦрвеноЦрнаАрмија






