„Без оглед што ќе се случи денес во Келн, Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!, порачуваат денеска од навивачката група „Комити Скопје“ преку социјалните мрежи.



„Парадата на Гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот Александар Велики, каде одиме со автомобили, потоа со Дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, Истрајноста, Борбеноста, Непокорот а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 оденден !!!
Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот а горат од желба да ги пречекаат јунаците тоа да им го овозможат. Дополнително ќе се објави ме

сто за Собир“ се вели во статусот на групата „Комити Скопје“