Навивачката група „Комити“ упати порака од поклонувањето на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 119-годишнината од херојската смрт на апостолот на македонската револуционерна борба.
„Негова желба беше моштите да почиваат во главниот град на идната независна Македонија. Па, затоа на 7, 8 и 9 октомври неговите македонски следбеници од Софија до Скопје го носат пеш, за на 10 октомври 1946 година да го положат неговото тело во саркофагот во црквата ‘Свети Спас’ во Скопје, каде што почива сега. По пат на улиците излезени луѓе, Македонци, натажени, во цела Пиринска Македонија, во сите места каде живеат Македонци.
Со такво наследство не треба никогаш да постои дилема чиј син е Гоце Делчев, најголемиот син на македонската револуционерна борба.
Наша должност, право и чест е да ги браниме неговите дела, неговите идеали и борба за слободна, суверена и независна Македонија, за кои го положи својот живот пред точно 119 години во Баница наша страдна.
Ние можеме да бидеме пријатели, па дури и браќа со сите наши соседи, но ние сме Македонци по род, по коски, по крв, по убедување. Па, затоа заедно да ја продолжиме сплотени нашата заедничка борба, која Великанот ни ја остави во аманет. И да не заборавиме дека оние кои се борат за интересите на Бугарија, Србија, Грција, може да бидат големи Бугари, Срби и Грци, но никогаш големи Македонци!
Слобода или смрт за Македонија!“, порачаа навивачите на Вардар.
Видео од нивното поклонение на гробот на Гоце на следниот линк:






