Вардаровата навивачка група „Комити“ донираше заштитни маски, мантили и средства за дезинфекција на Скопската клиника.



„Со цел подобро справување со вирусот Ковид-19, кој доби пандемиски размери, денес ја посетивме Скопската клиника и дониравме 1.000 маски, 40 заштитни мантили и десетици средства за дезинфекција. Тие ќе бидат распределени онаму каде што се најнеопходни.
Комитски е овојпат да останеме дома, со тоа ќе спречиме вирусот да се прошири и да стигне до оние кои имаат послаб имунитет, до хронично и тешко болните. Заедно да им дадеме шанса и ним за праведна борба и победа.
Вашата борба е и наша борба!

#НеСтеСами#СоВасСме“, порачаа „Комити“.