Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, информираше денеска министерот Венко Филипче.
„Денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап“, објасни министерот.




