Комисијата за заразни болести алармира за задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица.
Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.
– По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години.
Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.





