Комисијата за верски односи бара Општина Тетово да нема селективен однос кон верските обележја

Комисијата за односи со верските заедници со став по бројните негативни реакции од политичкиот блок на Албанците, како и од градоначалникот на Тетово и мнозинството на Советот во таа Општина поради поставениот 15-метарски крст на Попова Шапка. Комисијата ја упатува Општина Тетовово кон верските обележја да нема селекстивен однос.



Во соопштението се вели:

„Комисијата за односи со верските заедници повикува на внимателност и воздржаност од граѓаните, како и мудрост во раководењето со институциите од оние кои добиле мандат од граѓаните да градат хармонично мултикултурно општество, кое само по себе не подразбира исклучивост на ниту една култура, туку нивна коегзистенција и почитување на различностите. Комисијата останува посветена во напорите за одржување на добрите меѓуверски односи, па имајќи ја сензитивноста во предвид апелира политиката и на неа сродните интереси да не се вмешуваат во меѓучовековите односи. Во однос на изградбата на профани или религиозни објекти, како и поставување на нивни обележја на туристичкиот центар Попова Шапка упатуваме на неселективна и принципиелна поставеност на Општина Тетово“.

д