Со 5 гласа ЗА, Комисијата за мандатно имунитетни прашања на Собранието на Р. Македонија донесе одлука за одземање на мандатот на Никола Груевски.
Со тоа се отвара можност екс премиерот Груевски да замине на одслужување на казната затвор која ја доби за случајот Тенк доколку собранието со 80 гласови на пленарна седница донесе таква одлука.
На седницата не беа присутни членовите на Комисијата од редовите на ВМРО- ДПМНЕ кои излегоа од салата веднаш по излагањето на Трајко Вељаноски.
Претставниците на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието и покрај тоа што немаа пораво на глас беа присутни на седницата а од нивно име пратеникот Сашо Василевски изјави дека одлуката за одземање на мандатот на Никола Груевски во време кога левицата и десницата треба да се помират за заедничкиот интерес влез во ЕУ и НАТО е избрзана.




