Комисијата гласаше „за“ одземање на мандатот на Груевски

Со пет гласови „за“ и ниту еден против или воздржан, собраниската Комисија за мандатно деловнички прашања  донесе одлука да му предложи на парламентот одземање на мандатот на пратеникот и екс-премиер Никола Груевски.  



Седницата ја водеше заменичката на пратеникот Павле Богоевски, Снежана Калеска Ванчева, откако Богоевски најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа на пратениците да гласаат согласно уставот и законите, односно за одземање на мандатот со оглед на тоа што Груевски со своето неоправдано отстуство подолго од шест месеци го губи правото и понатаму да биде пратеник.