Комерцијална ги „замрзнува“ кредитите до 30 септември

Комерцијална банка АД Скопје објави Јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.



КБ ќе одобрува грејс период од 6 (шест) месеци за кредитите на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за 6 месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив).

Услов е лицата кои имаат кредит досега да не доцнеле повеќе од 90 дена со отплата на ратите

За лицата кои ја прифаќаат понудата истата автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со Банката.