Коментаторите на „Арена спорт“ доаѓаат на прославата

Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, коментаторите на српска ,,Арена спорт” денеска ќе пристигнат заедно со вардарци на прославата во Скопје.



,За ,,Фокус” тие изјавија дека се пресреќни што на некој начин станале дел од оваа спортска бајка.

„Не знам што да ви кажам, малку ни е непријатно, од Македонија доаѓаат толку позитивни реакции, за нашиот настап кој беше професионален, но морам да кажам и од срце, инспириран од целата оваа бајка. Играчите се херои, ние само си ја одработивме нашата работа професионално и инспирирано… привилегија ни е да го работиме она што го сакаме, работиме професионален ракомет“ изјави Рашковиќ за „Фокус“.