Комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева ќе се одржи денеска во амфитеатарот на МНР, со почеток во 10:00 часот.
Илинка Митрева, почина на 31 јули во Скопје, на возраст од 72 години.
Д-р Митрева беше професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и пратеничка од 1994 до 2001 каде беше претседателка на собраниската Комисија за надворешна политика и шефица на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шефица на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и членка на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.
Министерка за надворешни работи беше во 2001 и потоа од 2002 до 2006.
Митрева беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година.







