Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е опкружена од руските сили, рече нејзиниот командант во емотивно видео обраќање.
„Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние кои се надеваат и веруваат во својата татковина“, рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видео пораката објавена денеска.
Вели дека борците се повеќе се прашуваат зошто Киев не ги исполнил своите ветувања.
„Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?
„Кој и даде време на Москва да ги прикрие злосторствата во Мариупол. Злосторствата се толку страшни што не можете ни да ги замислите“, се прашува Паламар. Тој додаде дека одбраната се уште се држи.
Вели и дека никого не критикуваат, дека им е јасно дека агресорот користи големи средства и војска во Мариупол. Но, тој се прашува колку долго ќе трае тоа.







