„Командант Хоџа“ се пишманил – нема да му биде советник на Заев

Џезаир Шаќири, попознат како „командант Хоџа“, соопшти дека ја напушта функцијата надворешен соработник за внатрешна безбедности борба против радикализмот на премиерот Зоран Заев.



„Му најавив на премиерот дека  се повлекувам од функцијата бидејки не сакам да му наштетам нему, а особено не на земјава кон патот на ЕУ и НАТО – тој е единствениот политичар кој  ме разбра и тоа е уште една причина зошто не сакам да му пречам во неговата работа“ изјави денеска Шаќири за НоваТВ.

Причината за ваквата „неочекувана одлука, бил медискиот притисок откако се дозна дека командантот од Танушевци и поранешен пратеник на ДУИ, сега ќе биде советник ангажиран за период од една година и со плата 36.000 денари.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Хоџа размислувал да се повлече од функцијата поради силниот притисок во јавноста.

Командант Хоџа учествуваше во конфликтот во 2001 година, а во професионалното си-ви стои дека има завршено само средно образование.

Џезаир Шаќири е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги, поранешни команданти на ОНА, поради што за негвиот избор имаше и реакција на Амаериканската амбасада во Скопје.

Тој беше амнестиран по конфликтот, а во 2007-ма повторно се одметна и објави независност и припојување на Танушевци кон Косово.