Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции на ИСПЕ колеџот во Косово, во својата колумна под наслов „Колку ја сакаат Албанците фудбалската репрезентација на Македонија“, која ја објавува информативната агенција ИНА, како свој одговор на прашањето во насловот изнесува тврдење дека „мнозинството од македонските Албанци немаат чувства кон фудбалската репрезентација на Македонија, која настапува на европското фудбалско првенство“
„Во недела националната репрезентација на Македонија за првпат ќе настапи на едноевропско првенство. Во репрезентацијата играат и неколку талентирани Албанци и тие се речиси најзаслужни за квалификувањето на земјата на едно толку важно меѓународно натпреварување. Наспроти овој факт, Албанците повторно имаат измешани чувства, некои политичари се камуфлираат давајќи максимална поддршка, за да изгледаат современи и лојални кон државата, но мнозинството Албанци не го проголтуваат лесно овој залак.“ – пишува Пајазити.
Тој посочува: „Не дека имаме вакво чувство, ние, Албанците никогаш не сме мразеле никого, туку реалноста на теренот ни создава такво чувство, бидејќи сме работеле за оваа земја, а како одговор сме бидувале навредувани, потценувани и пцуени. И играчите – Албанци во оваа национална репрезентација своите постигања ги оствариле со многу пот и труд. Како да ја сакаме една држава, која не сторила речиси ништо за нашата благосостојба и за некои елементарни права, кои ќе ни овозможуваат подостоинствен живот?“
Авторот на колумната вели дека фразите „Добар Албанец“, „мртов Албанец“, „Албанци – Индијанци“, „Албанци – качаци“ – се само некои од етикетите изговорени од македонски граѓани, интелектуалци и политичари.
“Не се сите (Македонци) такви, но се надевам дека ова првенство ќе биде повод за нашите сограѓани да сфатат дека обединети и рамноправно можеме да направиме многу повеќе, додека со омраза покажуваме примитивизам и нечовечност.“
„Ова е конечниот момент македонската политика, но и нивните гласачи, да ја осознаат вредноста на Албанците во оваа држава. Ова да се одрази и врз нивните права, но и врз симболите на државата. Треба еднаш да разберат еднаш добро дека Албанците не претставуваат никаков ризик, туку оти се скапоцено богатство за оваа држава“, заклучува во својата колумна професорот Мухамер Пајазити, која ја објавува ИНА.
Колумната предизвика жестоки реакции кај различни категории граѓани.
Штетна дебата во јавноста пред историскиот меч
“Продажба на прдежи”: Реакции за ставот дека Албанците немаат чувства за фудбалската репрезентација






