Врховниот суд му одреди петдневен домашен притвор на колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез поради непочитување на судот.



Судот утврди дека владата предводена од Иван Дуке Маркез не го исполнила барањето на судот од 2020 година за преземање мерки за заштита на екосистемот на националниот парк Лос Невадос, вклучително и несоздавање специјална команда за борба против еколошките злосторства во паркот, пренесе Ројтерс.

Покрај петдневен домашен притвор, Иван Дуке Маркез доби и парична казна во висина од 15 месечни плати.

Експертите со кои разговараше весникот „Ел Тиемпо“ елат дека одлуката на судот е неприменлива, бидејќи секоја тужба против претседателот мора да биде разгледана од комисија на Претставничкиот дом.
Покрај тоа, Иван Дуке Маркез има право на имунитет, поради што ниту еден претседател не добил налог за апсење од 1991 година, пишува Ел Тиемпо.

Судот ја испратил својата одлука до одделот за труд на Врховниот суд на преиспитување, но конечната одлука ќе ја донесе Уставниот суд.