Колумбија го стави зад решетки најголемиот наркобос по Ескобар

Лолумбиските оружени сили го уапсија главниот наркобос во таа држава, Даира Антонио Усуга (50) познат по прекарот Отониел, објави претседателот Иван Дуке.



Тој е обвинет за испорака на десетици пратки кокаин во САД, а како што изјави Дуке, тој е обвинет и за убиство полицајци, сексуална злоупотреба на деца и регрутирање малолетници.

Колумбија претходно понуди награда од 800.000 долари за информации за Отониел, додека американската влада понуди 5 милиони долари за информации што ќе помогнат за негово апсење.

„Ова е најголемиот удар за дилерите на дрога во нашата земја во овој век, нагласи претседателот Дуке, споредувајќи го со падот на Пабло Ескобар во 90-те години од минатиот век. МИА