Украинското евтино жито закана и за домашната пченица. Земјоделците бараат забрана за увоз додека не се продаде домашната пченица која стои по амбарите а бараат и откупо од стоковоите резерви за да не трпат големи загуби земјоделците.
Големиот увоз на украинско жито ги загрижи и хрватските земјоделци. Откупната цена на досега складираното жито е ниска, а се предвидува следната реколта да се продава по цени кои пазарот безмилосно ги намалува поради вишокот на понуда. За состојбите во хрватското земјоделство и увозот на украинска пченица во Нови Дан зборуваше Мато Брлошиќ од Хрватската земјоделска комора.

Тој посочува дека, за жал, не се зборува доволно за тоа дека Хрватска е многу погодена во овој поглед. Полска и Унгарија го забранија таквиот увоз на украинска пченица, иако тоа не можат да го сторат според правилата на ЕУ, и иако Брисел е цврсто против овој вид мерки.
Брлошиќ, додава дека ЕК треба да реагира и нагласува дека треба да се запраша дали украинската пченица е квалитетна за здравјето на нашите потрошувачи имајќи предвид дека таа не мора да ги применува правилата на ЕУ за пестициди.
Тој смета и дека Европската комисија треба да ја покрие разликата во цената, доколку се утврди дека оваа пченица е добра за здравјето. Тој нагласува дека Украина не е членка на Европската унија и дека постојат царини кои треба да ги изедначат цените на производителите меѓу земјите.
На прашањето како е можно да сме голем увозник на пекарски полупроизводи, млеко и месо, а во исто време да сме извозник на пченица и маслодајни семиња, Брлошиќ вели дека тоа е апсурдно. Тој вели и дека Хрватска увезува многу брашно по многу ниски цени.






