Професорката Катерина Колозова која пред десетина дена се залагаше владата да го прифати францускиот предлог сега смета дека е лошо што кај нас сите граѓани сакаат да го анализираат документот за кој вчера владата рече дека е модификуван стар предлог на Париз а француската амбасадорка во Софија рече дека е стариот предлог на Макрон.
,,Во Бугарија, предлог гледаа лидери, ја ли власт ја ли опозиција, експерти зад затворени врати, а кај нас секој сака да го анализира документот, сите експерти, низ општа бука и смут по социјални мрежи.
Ја кон не-експерт, „сваштарка“ (кај нас така се вика ако си во мулти-проблемски студии на политики), нејќам да го анализирам – одговорнота и паметта кого ќе консултираат е во рацете на тие што раководат.
Значи, мене ако некој ме прашува, нити сакам да го видам интегрален нити навивам да го види све живо. Кога би ме викнал некој на консултации, би го прочитала – вака, нема зошто, факултативното коментирање е кокодакање на јавноста, на секој со секого”, порачува Колозова.






