Колозова предвидува: Македонија ќе ја снема како држава ако не пројдат уставните измени

Професорката Катерина Колозова тврди дека Македонија ќе исчезне доколку не се случат уставните измени. Без некоја сериозна аргументација и реална поткрепа, професорката, која инаку важи за еден од најгласните поддржувачи на актуелната власт, на социјалните мрежи предвидува дека Македонија ќа ја снема, односно ќе биде проголтана од регионалната нестабилност ако се најде „надвор од шините на ЕУ“. Притоа, го повикува народот „да мисли“, што може се разбира да биде разбрано на повеќе начини.



  • Ко инфантилни: “ќе има ли други, ќе има ли други уцени”? Ко мали деца запнале да им се вети нешто. Рамката бара да се преговара и со Грција и со Бугарија за наследството и историјата. Може ќе нема, може и ќе има. Ако има ненадминлив проблем – замрзнете преговори. Но сега нема. Уште три малцинства во Уставот – ни први ни последни. Ова е уцена на ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт. Но, смена без западен амин – тешко. Значи, сфаќате што значи уцената? Победа на избори, и ко попчиња ќе изгласаат измени во Устав. Исто ко сега што бараат да праќаме војници во Украина. Спремни веќе за во Влада. Мисли со своја глава, народе. Ако ВМРО не добие апсолутно мнозинство на претпоставени предвремени избори – не е исклучено СДСМ пак да бојкотираат парламент, и така да не се изгласаат измените. Надвор од шините на ЕУ – ќе нѐ снема како држава. Ќе бидеме проголтани од регионалната нестабилност. Мисли народе. – пишува Колозова на Фејсбук.