„Цркви на звучници, џамии на звучници- од кај изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност? Вака не беше. Вака нигде не е“, реагира професорката Катерина Колозова, на верски озвучените објекти, па литургиите и муслиманските молитви се слушаат преку звучници.



„Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија.

Ја не знам за дел од овој континент наречен Европа кајшто ваква наметливост се допушта- и за едните, и за другите. На километри се слушаат.

Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници“, напиша таа на својот фејсбук профил.