Колозова: Јавниот превоз како од минатиот век

„Колку линии се укинати со укинувањето на приватните?



Зошто ЈСП на линии кај имал свој (не приватен) автобус на секои пет минути сега нема ни на 30?

Како да функционираат сите “примитивци” кои, ете, немаат ни кола ни знаат да возат точак?

Овој град има право на вистински јавен транспорт, каков што имаше и добро функционираше.

Не ми е јасно зошто никој не протестира дека сме вратени на ниво 1992, како во динамика така и на план на почитување распоред на автобуси“.

Овие прашања ги упати професорката Катерина Колозова, до градските власти во објава на Фејсбук со констатација дека „автобусите на ЈСП доцнат и онаму каде што не возеле приватните превозници“.

Град Скопје, откако ги раскина договорите со „Маккекспрес“ и “Слобода превоз“ есента минатта година, распиша оглас за склучување на нови договори со приватните, за кои градоначалничката Данела Арсовска велеше „дека ЈСП може и без ни“.

На последниот оглас се јавиле три компании, но не е познато кога тие ќе се вклучат во јавнмиот превоз.