Колозова и порача на Агелер дека е доцна за Бугари во уставот: Не можете да убедите никого

Професорката Катерина Колозова ја обвини амбасадорката на САД Анџела Агелер дека нејзината земја ,,истурала” пари на луѓе во Македонија а тие и свртеле грб за уставните измени.



Таа смета дека сега амбасадорката не може да убеди никого да го смени ставот за Бугари во уставот и се лаже ако мисли дека ги купиле луѓето кои ги добивале парите од САД а кои сега сметаат дека Македонија може да добие подобар предлог и преговарачка рамка со ЕУ

,,Колку што знам, финансирате куп организации кои тврделе и тврдат дека “можел да се преговара друг предлог”, кои нас мало малцинство не’ правеа “некомптентни сваштари” кога викавме дека актот на донесување позиција и рамка е унилатерален (виз а ви кандидатот) и секое викање “не” на тој документ е викање “не” на ЕУ и на тоа што САД го декларирале ко сопствен безбедносен интерес (токму тој “предлог,” француски), им истурате пари од УСАИД до НЕД. Не може сега да убедувате и убедите никого, оти вашето лице во Граѓанските Организации се токму тие што го тврдат спротивното од вас, госпоѓо Амбасадорке. Требаше да си се преслушате, со време. Ако мислите дека сте ги купиле, се лажете. Византија е ова”, и напиша Колозова на Агелер.

Амбасадорката Агелер претходно во интервју за Канал 5 цитираше евродиполомати според кои преговарачката рамка е конечна и веќе не може да се менува.

Реакција и демант

Вели дека не била добро разбрана

Колозова е за уставни измени, демантира дека на Агелер и го порачала тоа што го напиша, зборела со иронија

Последна и поврзана вест

Кога ова го кажува евроатлански ориентирана новинарка што добива и американски пари тогаш догорело до нокт за бугари во уставот

Катерина Блажевска го дотолчи наративот на амбасадорката на САД за уставните измени

Најчитана вест

Збеснал од односот на претседателката кон своите колеги кои таа ги претставува

,,Абе што сакаат тие”: Сведок открива што зборувала првата пензионерка кога камерите на Сител не снимале