Колозова ги нападна западните агенции: Не викајте не платеници, други ги земаа парите од ЕУ, USAID и Британска амбасада

Професорката Катерина Колозова која е еден од најголемите заговорници за потпишување на Преспанскиот и Бугарскиот договор бара јавноста да не ја нарекува платеник затоа што таа не земала пари од западните агенции за меѓународна помош активни во Македонија.



Колозова обвинува дека парите од европските, американските и британските агенции во Македонија ги земале невладините организации кои немаат експертиза за реформи но сепак западот си ги чува.

,,Народе патриотски, не се плаши, Запад е со тебе: од Европска делегација преку USAID до Британска амбасада, сите богато ги наградија со грантови сите невладини – пред сѐ тинк тенкови и некои рендом што немаат абер што се реформи, а немале ни јавен став во однос на прашањето – кои беа најгласни против отворањето преговори со ЕУ (и кои се, секако, “за,” но под други, имагинарни услови), или не зуцнаа. Сите тие што викаа “уа,” а и сега викаат “уа” – “ура” нема да чуеме од нив во скоро време, тие си ги чува Запад. Затоа не нѐ викајте нас платеници (повеќето од тие “за”, ама баш ништо не добиле годинава). Обратете се на шалтер лево”, пишува Колозова која е критикувана од јавноста за поддршката на Преспанскиот и Бугарскиот договор по кој Македонија се уште е блокирана на патот кон ЕУ а таа сепак не добила пари за тоа од западните амбасади во Скопје.