Колозова ги напушта Бучковски, Љубчо и другите во Македонско-Бугарскиот клуб за пријателство

Професорката Катерина Колозова транспарентно го суспендира членството во клубот за пријателство меѓу Макеоднија и Бугарија кој беше формиран пред само еден месец. Фото ФБ профил на К.Колозова ,,Со оглед на тоа дека не постои платформа – во техничка и суштинска смисла – кајшто може секој со секого на комуницира и предложи соработка, иницијатива, итн., со оглед на тоа дека има една емејл адреса во која се чуствувам како да удирам во ѕид кајшто „гласникот“ треба до други да ја пренесува мојата идеја, ако и кога има време – јас ПРИВРЕМЕНО излегувам од Клубот БГ-МК Пријателство, односно го суспендирам моето членство додека не се воспостави комплетно хоризонтален и транспарентен начин на комуникација на сите со сите. Го пишувам ова јавно, затоа што моето влегување беше јавно, па такво сакам да биде и моето излегување”, пишува Колозова. Пред еден месец во Софија и во Скопје биде промовиран нов клуб за бугарско-македонско пријателство, иницијатива зад која стојат екс-премиерите Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.



Покрај нив, како основачи се наведуваат професори, новинари историчари од двете соседни земји

Според информациите од бугарската агенција БТА, меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветно друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“.