На професорката Катерина Колозова од скопскиот Институт за општествени и хуманистички науки ѝ личело на албанофобија посочувањето на Демократската унија за интеграција како симбол за корупцијата во Македонија.
„Оваа фиксација на ДУИ како корумпирани почнува да личи на чиста албанофобија. И ја не сум среќна дека се 20 години дел од власта, но не сум видела ниту еден емпириски доказ дека токму тие се дувлото на корупцијата, а другиве партии не или ‘да, но так низко’“, коментира Колозова на Фејсбук.






