Колозова бара од Османи да запре садизмот од негови дипломати кон странски научник

Професорката Катерина Колозова бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да преземе мерки за да запре едногодишното изживување кон кинески докторанд од страна на дипломати испратени од МНР во амбасадата на Македонија во Пекинг.



,,Бујар Османи, може ли вашите „демократски“ институции да прекинат да малтерираат докторант од Кина кој сака да дојде да работи истражување со мене (бидејќи во голема мера неговото истражување за потребите на докторат е посветено на моите трудови), или ќе го малтерира нашата неспособна, свирепа, садистична, неодговорна Амбасада веќе речиси цела година!

Има добиен грант од Република Кина, Научниот им Совет, запишан е на докторски, и јас сум негов ко-ментор за ИСТРАЖУВАЊЕТО за потреби на докторат ТАМУ – доаѓа да го менторирам неговиот истражувачки престој.

Македонија не го пушта – до сега десет пати ќе отидеше во Франција и ќе се вратеше, ко што го советував. И СЕГА на сета мука, за нивните грешки, и неажурирани информации ОН Е крив?

ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, ОТВОРЕНИ, МОБИЛНИ?

(Да, мобилност е Кластер еден НИЗ сите сектори, еве и Надворешни и образование во случајов). Ботом лајн, да си видите што е таа аномија во нашата амбасада во Кина. Додека не реагира самата Кина во име на неговиот универзитет”, пишува Колозова објавувајќи цитат од писмото на кинескиот докторанд во кој Кинезот објаснува дека е речиси невозможно да се исполнат бараните услови за виза во Македонија затоа што македонските процедури не функционираат и се целосно конфузни.

ЦИТАТ ОД НЕГОВОТО ПИСМО:

,,Почитувана професорке,
Се извинувам за повтореното барање поради конфузијата со мојата апликација за виза. Ви пишувам за да побарам ваша помош со потребните документи за моето процесирање на виза.

Бидејќи потребните документи објавени на веб-страницата на Амбасадата на Н. Македонија се најнови, имало одредени проблеми со документите што ги поднесов. Што се однесува до сега, тие ми даваат целосно известување за сите проблеми со моите документи.

Во случај моите документи повторно да се вратат и да дојде до какво било доцнење, се плашам дека ќе ми треба вашата помош со дополнителните документи што можете да ги обезбедите за мене.

Подолу е нивниот одговор на македонски јазик за ваша референца:

За да може да се земат во предвид како валидни за постапката доставените докази потребно е:

Доказот за неосудуваност да биде легализиран и да биде преведен согласно член 14 став 2 од Правилникот за странци

Доказот Потврда од образова институција од РСМ не е во согласност со член 92 став 2 од законот за странци

Доказ дека е запишан како докторант, Доказот за обезбедено сместување потребно е да биде согласно член 14 став 1 алинеја 4 од правилникот за странци.

Доказот за финансиски средства не е преведен согласно член 14 став 2 од истиот правилник.

Доказот за здравствено осигурување е преведен но не е легализиран.

Образец бр. 2 е стар образец и веќе е надвор од правниот промет на РСМ”, пишува кинескиот научник.

Според наведените услови од тоа што се гледа процедурата за виза е комплицирана и за македонски граѓанин а камо ли за студент од Кина.