Колоски за предложениот амбасадор во ОН: Фрчкоски е срам за Македонија и понижување за секоја жена

Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), жестоко реагира за предлогот Љубомир Фрчкоски да биде нов амбасадор на Македонија во Обединетите нации.



„Не ви успеа во САД, сега во Обединетите нации. Фрчкоски е срам за Македонија и понижување за секоја жена во Македонија и за секоја жена која работи во министерство за надворешни работи и во Обединетите нации“, напиша на Фејсбук првиот човек на најголемата организација на македонските иселеници во светот.

Колоски уште додава дека Владата на Заев „именува човек што ја тепал својата сопруга и влечел жена за коса, колнел студенти на улица“, нагласувајќи дека не добил агреман за амбасадор во САД.