Колку време Петков ќе биде во карантин, неизвесна посетата на Македонија!?

Директорот на софиската РЗО, д-р Данчо Пенчев за БТА изјави дека законот ќе се почитува и сите учесници на вчерашниот Совет за безбедност, свикан од претседателот Румен Радев, ќе бидат да бидат ставени во карантин.



„Во моментов, секој кој поминал време во затворена просторија со пациент со ковид-19 повеќе од 15 минути се смета за контакт. Лицата за контакт се ставени во 10-дневен карантин“, изјави д-р Пенчев.

Но министерката за здравство Асена Сербезова вели дека „периодот на изолација ќе биде скратен од 14 на 10 дена, а периодот на карантин од 10 на 7 дена. Во многу земји, нема карантин за луѓе кои примиле бустер доза“ – рече министерката какошто пренесува БГНЕС

На средбата кај Радев присуствуваше и премиерот Кирил Петков.

Бугарски медиуми јавија дека тој се повлече во самоизолација.

Оттаму, под знак прашалник е посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Македонија.

Најавено беше дека во придружба на бугарскиот премиер при посетата на Скопје ќе бидат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев, а тие треба да се сретнат со мандатарот Ковачевски, кој до тогаш ќе ја преземе премиерската функција во Македонија.