Колку сме далеку од колапс? – Помош за Македонија преку кризниот менаџмент на ЕУ

ЕУ испраќа заштитна медицинска опрема за Македонија и Црна Гора преку “РескЕУ” заедничката медицинска резерва на Унијата создадена да им помогне на земјите кои имаат недоволна опрема за битка со коронавирусот.



Во исто време Словачка понудила ФФП2,
ФФП3 и хируршки маски како и хигиенски пакети, ќебиња, шатори и генератори за Македонија во рамки на Европскиот механизам за цивилна заштита.

“РескЕУ резервата и Европскиот механизам за цивилна заштита продолжуваат да ја докажуваат својата вредност со испраќање помош на тие кои што имаат потреба. Личната заштитна опрема од суштинска важност во борбата против коронавирусот. Испраќаме повеќе од 130 илјади заштитни маски во Црна Гора и Македонија на веќе испратената помош. re. И благодарам на Германија за чувањето и транспортот на оваа пратка на опрема на РескЕУ и на Словачка за нивната великодушност кон нашите блиски соседи во Западен Балкан”, изјави комесарот за кризен менаџмент на ЕК Јанез Ленарчич.