Колку Шекеринска ги почитува мерките за заштита од Ковид-19 (ВИДЕО)

Еден гест на Радмила Шекеринска во телевизискиот дуел со Александар Николовски го наметнува прашањето колку вицепремиерката и министерка за одбрана ги почитува мерките за заштита од коронавирус.



По завршувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 таа се наведна за да ја земе заштитната маска што ѝ падна на подот и потоа со неа ја покри устата, што е спротивно на препораките.

Повеќемина нејзини сопартијци од СДСМ, меѓу кои градоначалниците Петре Шилегов и Борис Георгиевски, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и други се позитивни на Ковид-19, па зачудува невнимателноста на потпретседателката на владејачката партија.

https://twitter.com/BaceTrajche/status/1275131711869902850