„Плусинфо со интересен осврт околу последните „надмудрувања“ помеѓу Зоран Заев и Бујар Османи за тоа каде (не) треба да се постават двојазични табли.
„Првиот тврди дека во Струмица не живеат 20 проценти Албанци и дека не треба да бидат поставени двојазични табли на институциите. Вториот, пак, тврди дека таму има 20 проценти албанско население и дека имињата на институциите треба да бидат испишани и на албански јазик. Експремиерот тврди дека 20 проценти Албанци нема ниту во Прилеп и во Велес, а вицепремиерот смета дека има 20 проценти ако се земат предвид албанските жители од околните села.
Чекајте малку, јатрви. Пријателот од погоре сака нешто да ве праша: Колку точно, во цифра, изнесува 20 проценти? А, пак, колку изнесува 100 проценти?
Врз основа на кои податоци за бројноста на населението го пресметувате процентот?“ прашува „Плусинфо“.





