Колку пари заработиле Маријана, Ведрана, Ферус, Љутков и другите за новиот спот за Бојана?

Деновиве Продукцијата Скендеровски објави видео спот од новата песна на Бојана Атанасовска Скендеровски со наслов ,,Ми треба” кој, освен што станува популарен, испраќа феминистички пораки и на свој начин говори за улогата на жената во Македонија.



Во спотот покрај Бојана играат и Лото девојката Маријана , водителката на Канал 5 Ведрана, Ферус Мустафов, актерот Зоран Љутков, пејачот Миле Кузмановски и други по што јавноста се заинтригира колку пари тие наплатиле за учество во прилично високото ниво на продукција на спотот за песната.

Одговорот го дава Бојана која открива дека ниту еден од луѓето што се дел од спотот не побарал ниту еден денар за својот настап.

Во комерцијалниот свет на шоу бизнисот ова редок пример каде поради солидарност и човечка желба да се помогне парите не играле никаква улога во снимањето на спотот на Бојана.

Ин покрај тоа што не побарале пари за своето учество луѓето што глумеле во спортот се однесувале неверојатно професионално, вели извор што учествувал во продукцијата.

Видеото и повеќе детали за песната што веќе станува хит:

По долго време Македонија доби песна со потенцијал за голем хит (ВИДЕО)