Онлајн истражување на цени на гардероба од страна на активисти на Твитер открива дека премиерот Заев носи џемпер од најмалку 250 евра, нешто повеќе од македонската минимална плата.
Овој џемпер кој Заев го носеше на интервју на емисијата Стадион на Канал 77 во саботата на попуст од 15 % на интернет може да се најде за околу 15500 денари а ако е купен без попуст тогаш чини речиси 300 евра.
Дилемата дали лидер на социјалистичка партија и премиер на влада која се соочува со десетици илјади граѓани кои секој ден се мачат да преживеат, треба да носи џемперчиња со ваква цена ќе ја разрешите сами.
294 Евриња за Џемпер.
Браво @Zoran_Zaev, само пругите требеа вертикални да ти бидат, за да се навикнеш на иднината…може и не, че вииме. pic.twitter.com/Y9tvN0lpq5— Фортификација (@Fortiifikacija) December 6, 2020





