Колку од соопштенијата на СДСМ по најголемиот удар за владата се за корумпираниот Мерко?

Од објавата на САД за црната листа СДСМ објавило 17 соопштенија но колку од нив се за Рамиз Мерко кој е ставен на црна листа на САД за корупција?



Одговорот на ова прашање е ,,нула” односно во ниту едно од соопштенијата на СДСМ не се зборува за најголемиот удар врз владата на СДСМ и ДУИ од страна на САД.

Во соопштенијата на СДСМ има критики за ВМРО-ДПМНЕ, партиски фалби, младинска политика и партиска промоција но ниту во едно не се споменува ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД.

СДСМ на последните локални избори го поддржа Мерко за градоначалник на струја со официјално соопштение дека се поправил по добиените критики.

Во тој момент кога СДСМ лобирало за Мерко имал десетина кривични пријави за криминал и корупција.

Линк до соопштенијата на СДСМ каде нема ниту М за Рамиз Мерко.

https://sdsm.org.mk/press/soopshtenija