Колку министри ѝ требаат на Македонија?

Доколку биде основано новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како што ќе се нарекува, во што треба да прерасне сегашниот Секретаријат за рамковниот Владата ќе има 26 министри.



Во 2015 година, сегашната вице-премиерка и министер за одбрана Радмила Шекеринска велеше:

„Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри – и да се два милиона (население н.з.) што не се, на 81.000 луѓе во државата имате по еден министер… Земји блиски по големина со Македонија – Латвија, Естонија, ќе видите 90, 100, 150 илјади граѓани на еден министер.

Експертите велат таа бројка треба да се намали на 11, а како пример за тоа се прави споредба со една Швајцарија  која е конфедерација, има седум министерства, еден канцелар и двајца заменици-канцелари.

Од земјите во регионот по број на министри најблиска до бројноста на македонската влада е Грција со 23 министри, Србија чија влада заедно со премиерката брои 22 члена. Хрватска има  20. Владата на Борисов во Бугарија  19 министри и вицепремиери. Во Словенија Владата има вкупно 17 члена, Албанија 15.

И во споредба со поголемите земји, Македонија води: Франција 16, Обединетото Кралство 25, шпанската влада брои 17, данската и шведската имаат по 22 члена итн.