Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).
„Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблички и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблички на трошок на сопственикот на возилото.
Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е 1.200 до 1.300 денари во зависност од обликот на регистарската табличка, информираат од МВР.







