Според амбасадорот на Руска Федерација во Србија, Александар Боцан-Харченко, откога почна процесот на „вовлекување“ на Македонија во НАТО, етничките проблеми во земјата само се влошија.
Тој појасни дека Албанците во Македонија, со поддршка од Тирана, сè поактивно и понаметливо ги изнесуваат своите барања, кои излегуваат од рамките на Охридски договор.
„По многу нешта оваа внатрешна криза во Северна Македонија е поврзана со едностраното вплеткување на Западот“, изјави тој.
Боцан-Харченко забележа и дека балканските земји што влегоа во НАТО не почувствуваа никакви предности од тоа.
„Ним во повеќе наврати им е речено дека по сташувањето во НАТО инвестициската клима ќе биде подобра и оти поради тоа ќе имаат конкретен економски ефект. Меѓутоа, до тоа не дојде, напротив, новите членки добија само нови издатоци што мораат да ги плаќаат“, нагласи тој.
Амбасадорот укажа и дека Алијансата не успеала да го обезбеди тоа што претставува најголем проблем на Балканот – не дојде до искоренување на историските несогласувања.
„Почест е случајот тие проблеми да се туркаат под тепих, што може да доведе до негативни последици“, предупреди Боцан-Харченко, наведувајќи го како пример отсуството на реакција на Алијанасата на идејата за создавање на „Голема Албанија“.




