Колку човечки животи ќе спаси повисоката акциза од 30% за цигарите?!

Речиси половина, односно 45,4% од населението во Македонија се пушачи. Од нив, 12,4% се млади лица на возраст од 13 до 15 години, кај кои статистиката забележала дека 30 отсто почнале да пушат пред својата 14 година. Податоците се од анализите на „Аналитика Тинк-Тенк“, презентирани на настанот насловен „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“.



Според анализата, 53,1 процент од младите првата цигара ја консумирале на просечна возраст од 18 до 24 години првпат ставаат цигара во уста. А, пак, 44,4 отсто од пушачите консумираат во текот на денот палат повеќе од 20 цигари. Причините за ова се согледуваат во лесната достапност и ниските цени на цигарите, проследено со недоволната едукација. Всушност, ова се само дел од причините за започнување со оваа штетна навика уште од најрана возраст, па оттаму се препорачува преземање итни мерки за контрола на тутунот и насочени интервенции за намалување на пушењето и неговите придружни штетни ефекти.

Доолку цената на цигарите се намали за десет отсто, потрошувачката ќе се намали за четири до осум проценти, покажува студијата на „Аналитика Тинк-Тенк“.

Зголемувањето на акцизата од 30 насто би значело зголемување на цената на цигарите за 22 проценти. Меѓутоа, она што е поважно е дека тоа би значело слевање во буџетот на дополнителни 265 милиони евра, што е пресметка приближно еднаква со пресметките што ги направи Министерството за финансии во октомври кога излегоа новите измени на Законот за акцизи. Потоа, спасување на 7.000 смртни случаи годишно, намалување на преваленца на пушење за два отсто, намалување на интензитет на пушење за околу 300 цигари годишно, намалување на потрошувачка на цигари за 17, 5 отсто, значи сите овие придобивки се многу значајни и за фискалната и за здравствената политика“, се вели во препораките и заклучоците од „Аналитика Тинк-Тенк“.

Пушењето од рана возраст е сериозен проблем затоа што секоја научна анализа покажува дека што порано се почне со пушење има поголема веројатност да се остане зависник од никотин целиот живот.