Актуелната претседателка и кандидат за уште еден мандат на вториот круг пшретседастелски избори што ќе се одржи на 5 јануари, ги повика гражаните да гласаат за нејзиниот противкандидат Милановиќ
„Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикува да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче“, изјави Колинда Грабар-Китаровиќ во гостување на N1 пренесоа медиуми.
Колинда, очигледно направи гаф: прв на гласачкото ливче според правилата е кандидатот кој освоил најмногу гласови во првиот круг, а тоа е Милановиќ, пренесе МИА.




