Колициските партии во бугарската влада вечерва на средба за Македонија

Вечерва треба да се одржи состанок на коалицискиот совет на владините партии во Софија посветен на односте со Македонија, соопшти пратеникот од ИТН Станислав Балабанов.



Тој вели дека „Има таков народ“ када да дознае зошто воопшто се состануваат, кога ставот на Бугарија на оваа тема бил јасен.

Прашањето за Македонија предизвикува сериозни тензии во владејачката коалиција, а чести се обвинувања дека премиерот Кирил Петков е подготвен на отстапки, што тој го негира.

Петков побара од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност  за да разговара за ова прашање.

Шефот на државата не се согласува и рече дека требало прво да разговара со Петков.

На слична позиција со претседателот се и бугарските социјалисти и ИТН.