Новиот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски предупрди дека отворена седница за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева може негативно да влијае на случајот „Рекет“, затоа што се работи за истрага која е се уште во тек од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и дека материјалот е доверлив.



Претседателот на собраниската Комисија за именувања Илија Димовски вчера на прес-конференција објави дека најпрво ќе побара од Советот на јавни обвинители да го декласифицира извештајот за разрешување на Јанева иако истиот има сензитивна содржина и се заложи седницаа да биде јавна.

Колевски за Сител вчера рече дека Советот на обвинители ќе го разгледа барањето кога ќе стигне…

Седницата е закажана за утре, а за да биде јавна, од 13 членови-пратеници потребно е за оа да се изјаснат 2/3, односно да гласаат најмалку девет пратеници.

Откако Комисијата ќе се изјасни, предлогот оди на пленарна седница каде се потребни се барем 80 гласа од можни 120 пратенички гласови за разрешување на Катица Јанева, вклучувајќи и Бандентерово мнозинство.