„Изградбата на подземната катна гаража во центарот на градот ќе биде наш приоритет.
Над катната гаража за првпат Велес ќе добие плоштад.
Реконструкцијата на кејот на реката Вардар е исто така еден од капиталните проекти кои ги ветуваме. Помеѓу стариот и новиот мост ќе има нов кеј на реката Вардар. И од левата и од десната страна“ – ветува кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев.
Тој истакна дека програмата ја подготвувал во изминативе шест месеци, во консултација со граѓаните и стручни лица.
„Програма во која има 213 проекти. Од кои 126 се проекти наменети за урбаните месни заедници.
Во програмата има и голем број на капитални проекти.
Оваа прилика ќе ја искористам да промовирам само три проекти.
И третиот проект кој сакам да го промовирам во оваа прилика е изградбата на првиот велосипедски парк во Велес. Помеѓу Велес и езеро Младост. За љубителите на велосипедизмот да имаат соодветни услови за развој и напредок.
Оваа прилика сакам да ја искористам да ве повикам сите заедно да ја прочитаме оваа програма. Јас не ветувам нешто што не можам да реализирам“ – вели Колев.





